Со првиот ископ во квартот Бошњачка махала, во северниот дел на Косовска Митровица, денеска почна градбата на деловно-станбена зграда за која средствата ги обезбеди владата на Република Српска, пренесе Танјуг.
Српскиот министер Петар Ѓокиќ, од овој босански ентитет, на церемонијата изјави дека владата и парламентот на Република Српска едногласно го усвоиле проектот за да се изгради објект за локалните Срби во знак на солидарност со нив.
Во зградата ќе има осум апартмани за раселените Срби и деловен простор, од кој дел ќе биде наманет за Културен центар на Република Српска, и простории за меѓуопштинскиот Центар за социјални прашања.
Предвидено е работите врз овој објект да завршат во следните сто дена.
Вредноста на проектот е половина милион конвертабилни марки ( 250.000 евра).