Во Алма Ата запалена канцеларијата на градоначалникот

Од:

Демонстранти упаднаа и ја запалија канцеларијата на градоначалникот на најголемиот казахстански град, Алма Ата, а во близина се слушаат и истрели.

Судирите почнаа синоќа за време на протестите, а продолжија денеска, при што се повредени 190 луѓе, од кои 137 полицајци.

Според градските власти ситуацијата во Алма Ата е под контрола и во тек е операција за идентификација и приведување на одговорните за немирите. Но, на социјалните мрежи се објавуваат фотографии и видео-снимки од масовни протести во градот.

Протестите почнаа во провинцијата Мангиста, западен Казахстан, каде се произведува нафта откако беа укинати прописите со кои се ограничува цената на течниот нафтен гас. Цената на гасот потоа беше зголемена за повеќе од 100 проценти.

Претседателот на Казахстан Касим Жомарт Токаев денеска ја прифати оставката на владата иницирана од протестите поради зголемувањето на цените на горивото. Во градовите каде се одржуваат протести прогласена е вонредна состојба, воведен е полициски час и ограничување на движењето.

Би можело да ве интересира

На Шолц му е кажано: „Русија е непобедлива“

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан