Претседателот на одборот на КиМ, Милован Дрецун нагласи дека од денешните разговори во Брисел за Косово очекува да се дадат прецизни детали за одржувањето на претстојните локални избори. Дрецун по повод денешниот разговор во Брисел на премиерите на Србија и Косово, додаде дека е важно наследството на Србија, но и имотот на сите нивни граѓани, кои што се протерани од КиМ.
Тој истакна дека е неопходно да се формира единствена српска листа за локалните избори кои што се закажани за 3-ти ноември.
Претседателот на одборот на КиМ нагласи дека во наредниот период ќе доминира прашањето за положбата на Српската православна црква и нејзиниот имот, додавајќи дека овој прв договор од Брисел е почетен чекор за нормализација на односите.
Елена Георгиевска