НЛБ Банка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпишаа договор за кредитна линија за поддршка на конкурентност на мали и средни претпријатија до 5 милиони евра.
Кредитната линија е наменета за правни лица со цел да им обезбеди соодветната поддршка за подобрување на конкурентноста.
„НЛБ Банка, преку обезбедување на овaa кредитна линија од ЕБОР, ја докажува посветеноста на своите клиенти дa им овозможи пристап до кредитен продукт наменет за подобрување на конкурентноста, кој во исто време нуди и финансиски грант до 15% од износот на кредитот. Со склучување на овој договор продолжува успешната соработка со ЕБОР и поддршката на мали и средни претпријатија во инвестиции насочени кон усоглаување со ЕУ стандардите. Стратегијата на Банката за управување со животната средина и социјални прашања е целосно имплеметирана во нејзиното секојдневно работење, а Банката активно финансира проекти со кои даваме значаен придонес за развој на зелената економија“, изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.
„Ни претставува големо задоволство што ја надградуваме соработката со НЛБ Банка Скопје во напорите да го подобри пристапот до финансии на локалните мали и средни претпријатија. Во време кога ги чувствувме долготрајните ефекти на пандемијата, поддршката на локалните претпријатија и растот на нивните бизниси е поважен од било кога. Среќни сме што можеме да обезбедиме поволни кредити и грантови кои ќе помогнат во градење поеколошки бизниси, но и во подобрување на квалитетот на производите, здравјето и безбедноста ”, изјави Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија.
НЛБ Банка има реализирано соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за повеќе кредитни линии и проекти во доменот на документарно работење. Минатата година, Банката ги аранжираше кредитните линии за поддршка на конкурентност на мали и средни претпријатија и кредитната линија за поддршка на зелена енергија во резиденцијален сектор.
Програмата за поддршка на конкурентноста е поддржна од ЕУ, a финансирањето ќе ја зголеми конкурентноста на локалните претпријатија и ќе им даде поголеми можности за успех на домашниот, регионалниот и меѓународниот пазар.
ЕБОР е главниот институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2 милијарди евра во 149 проекти во земјата.
*PR текст