Седуммина заразени со коронавирус во Барселона, четворица во Реал, тројца во Севиља

Од:

Бројот на заразени со Ковид-19 во шпанските фудбалски клубови е сè поголем.

Барселона објави денеска дека во нејзините редови има седум заразени фудбалери, во Реал Мадрид четворица, а во Севиља тројца.

Позитивни на Ковид-19 во мадридски Реал се Тибо Куртоа, Федерико Валверде, Едуардо Камавинга и Винисиус, објави актуелниот лидер во Ла Лига.

Второпласираната Севиља соопшти за тројца заразени во своите редови, без да го објави нивниот идентитет.

– Сите заразени играчи се без симптоми и се во домашна изолација во која ќе останат додека не помине пропишаното време за карантин, наведе клубот од Андалузија.

Во домашен карантин се и фудбалерите на Барселона, Ленглет, Дани Алвеш, Жорди Алба, Алекс Балде, Дембеле, Умтити и Гави.

Проблеми со заразени фудбалери имаат речиси сите шпански прволигаши – Рајо Ваљекано 14, Селта Виго 9, Елче 8, Бетис 6, Еспањол и Кадиз 6

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска