Уставниот суд на Косово побара од косовската претседателка Атифете Јахјага да го одложи потпишувањето на Законот за амнестија за осум дена, бидејќи добил барање за утврдување на неговата уставност, пишува денеска весникот „Лајм“.
Ваквото барање предизвика различни коментари, имајќи го предвид фактот дека ако косовската претседателка во рок од осум дена не го потпише указот за прогласување, законот автоматски стапува во сила.
Од друга страна, Уставниот суд има рок од 60 дена да одлучи за уставноста на законот и во досегашната пракса се уште не се случило оценката за уставност на некој закон да ја донесе во рок од осум дена.
Весникот констатира дека ваквото барање на Уставниот суд е незаконско и противуставно.