Вулин: Нема да се откажеме ниту од денар на Косово

Од:

Директорот на канцеларијата за Косово, Александар Вулин рече дека првиот следен договор со Приштина ќе се однесува на имотот или црквата и културното наследство на Србите на Косово.

Тој на собирот во Стопанската комора на Србија изјави дека нема да се откажат од ниту еден денар, ниту фабрика и дека не ја признава приватизацијата во која државата не учествувала.

-Србија вложува стотици милиони евра на Косово и тоа мора да се признае – истакна Вулин и додаде дека е предвидено Заедницата на Српските општини да има свој имот и дека мора да се види што од имотот државата може да и го пренесе на Заедницата.

Вулин нагласи дека Србија со години не знаела што има и со што располага на Косово и додаде дека е време тие податоци да се соберат и да се изнесе конретен став за заштита на тој имот.

-Србија не ја признава привтизацијата на Косово, бидејќи таа е спроведена моноетнички и е по национална основа, рече директорот на Канцеларијата за Косово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски