Беким Сали ќе биде нов министер за здравство, Адмирим Алити ќе раководи со Информатичко општество и администрација, Џемаил Чупи ќе биде министер без ресор – одговорен за дијаспората, а Хисни Исмаили – потпретседател на Собранието. Ова се одлуките кои вечерва ги донесе Централното претседателство на Алтернатива кое на состанок решаваше да носителите на функциите кои и припаднаа на партијата по договорот за влез во владата.
Избрани се и тројца заменици министри за земјоделие, образование и култура, а објавени се и имињата на неколку директорски позиции.
За одлуките, Алтернатива информираше преку соопштение:
– После една плодна и аргументирана дебата, како што е пропишано во Статутот на Алтернатива, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ги предложи носителите на јавните функции, а Централното претседателство на Алтернатива унанимно го прифати неговиот предлог.
Иако некои позиции остануваат да се потврдуваат деновиве, тука подолу ќе ги спомнеме некои од имињата кои ќе бидат носители на јавни функции во Собранието, Владата или во други ресори на извршната власт:
Хисни Исмаили – потпретседател на Собранието на РСМ;
Беким Сали – министер за Здравство;
Адмирим Алити – министер за Информатичко општество и администрација;
Џемаил Чупи – министер без ресор – одговорен за дијаспората;
Лулзим Алиу – заменик министер за Образование и наука;
Абдулшиќир Абедини – заменик министер за Земјоделство;
Даим Лучи – заменик министер за Култура;
Орхан Муртезани – директор на МЕПСО;
Амир Елези – директор на Клиничката болница во Тетово;
Дритан Беџети – директор на ПИОМ;
Мубекир Палоши – директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“,
Блерим Абази – директор на Управа за водење на матични книги;
Беким Емини – директор на Агенција за странски инвестиции.
На седницата беа избрани и носителите на некои други јавни институции, кои ќе бидат објавени деновиве.