Утре променливо облачно, студено и ветровито, на места ќе провејува снег

Од:

Времето во земјава утре ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, на места со провејување снег. Ќе дува засилен северен ветер, повремено со брзина над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.

Во Скопје претежно облачно и студено со засилен северен ветер. Повремено во делови од котлината ќе провејува снег. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 4 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно и суво време со подолги сончеви периоди и со пониски утрински температури.

Би можело да ве интересира

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата

На Пелистер падна снег

УХМР: Натпросечно топло лето, јули месец со најголемо отстапување на температурата на воздухот

Провејува снег во Маврово и Крушево и на премините Стража и Ѓавато

Од утре до петок врнежи од дожд, на планините снег