Арсовска: Во преговори сме со македонски музички изведувачи за настапување на Новогодишната ноќ

Од:

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска на денешниот брифинг со новинарите истакна дека градот ќе се украсува и оти се во приговори со македонски музички изведувачи да настапат на Новогодишнта ноќ.

Таа посочи дека средства кои нема да се дадат за прослава на Нова Година, ќе бидат пренаменети да се потрошат за социјално ранливи категории.

– Мене ми е жал што некој се обидува и од ваква работа да истера политиканство. Сите ќе признаете дека е подобро Градот со тие средства кои нема да се дадат за прослава на Нова Година да им се помогне на извесни категории на луѓе на кои им се неопходни. „Илинденска“ е украсена, делот на потегот кај Собрание се украсува, на плоштадот украсува. Во моментот сме во преговори, во секој случај да не го чини Градот Скопје, туку да го направиме од аспект на тоа како што беше и делот со украсувањето со помош од општествено одговорни компании кои би придонеле. Средствата на Градот за таа намена да се потрошат соодветно за социјално ранливи категории, особено на луѓето кои што немаат ниту за храна во овие денови, рече Арсовска.

Таа потенцира дека на плоштадот ќе се реализира и Винтерленд и додаде дека поради изборите, голем дело од постапките кои што биле планирани биле оставени да чекаат.

– Наша желба како Град Скопје е да има прослава со македонски изведувачи. Во моментот сме во преговори, во секој случај да не го чини Градот Скопје, туку да го направиме од аспект на тоа како што беше и делот со украсувањето со помош од општествено одговорни компании кои би придонеле. Средствата на Градот за таа намена да се потрошат соодветно за социјално ранливи категории, особено на луѓето кои што немаат ниту за храна во овие денови, рече Арсовска.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз