ЕУ реши да ја вклучи Хезболах на листата на терористички организација

Од:

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска постигнаа договор за вклучување на военото крило на либанската милитантна шиитска Божја партија (Хезболах) на „црната листа“ на терористички организации.

Со ваквото решение како илегално и противзаконско ќе се третира испраќањето пари и финансиска помош за оваа група, но и средби на европските дипломати со членови на раководтсвото на групата.

Противниците на казнувањето на Хезболах, тврдат дека тешко ќе може да се раздели политичкото од военото крило на оваа група, како и дека постои опасност од дестабилизација на внатрешните политички состојби во Либан.

Хезболах е силен политички фактор во оваа блискоисточна земја и таа има свои претставници во Парламентот и Владата на Либан.

Официјален Бејрут веќе побара од ЕУ да не се донесе одлуката за ставање на Хезболах на „црната листа“.

Досега ЕУ имаше внимателен пристап кон оваа либанска група, третирајќи ја како еден вид стбилизатор на состојбите во регионот, а посебно во Либан, кој долго време беше сцена на сурова граѓанска војна. Промена во ставот настана, откако Хезболх застана на страната на властите во Дамаск, додека ЕУ се определи за силна поддршка на сириските бунтовници кои две години се борат за да го соборат од власт претседателот Башар ал Асад.

Хезболах е веќе на „црните листи“ на две членки ЕУ – Велика Британија и Холандија, како и на САД, Канада и Австралија.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел