ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го прикажува курсот на Харвард како факултетска диплома ?

Од:

Заев и заевизмот се познати по своите лаги и фалсификати. Изгледа пиунот Ковачевски е одличен продолжувач на матрицата на Заев. Имено Ковачевски ја фризирал својата биографија велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали е точно дека Ковачевски курсот на Харвард го прикажувал како факултетска диплома? Ако е точно, тогаш направил класична лага и манипулација на јавноста, бидејќи ваквиот курс е скапо платена кратка едукација платена со неколку десетици илјади евра, со кој може да се стекне секој граѓанин со завршен факултет во земјава, само доколку има доволно пари за него за да може да плати и да го посетува.Во тоа се гледа очајот на Заев да најде продолжувач на заевизмот, па мораше да го преставува Ковачевски како студент од Харвард за да звучи уверлив, а тој бил само курсаџија. Пиунот Ковачевски од курсаџија стана главен адут на Заев. Тажно, но вистинито. Очигледно фарсата наречена нов лидер на СДСМ, добива нови димензии. Ковачевски е веројатно најдобриот пиун кој можел Заев да го одбере во СДСМ со цел да продолжи заевизмот и контролата на партијата како сопствена приватна фирма. Ништо во СДСМ не се менува, заевизмот владее заедно со сиот криминален и коруптивен систем кој произлегува од него, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски