Земјите од Г7 се загрижени дека Кина прибегнува кон „принуда“ во својата економска политика, истакна денеска на прес-конференција шефицата на британската дипломатија Елизабет Трус, во рамки на средбата на министрите за надворешни работи на Г7 што се одржа во Ливерпул.
– Загрижени сме што Кина прибегнува кон принуда во нејзината економска политика. Сакаме да ги зголемиме инвестициите и трговската и економската политика со демократските земји истомисленици, кои ја сакаат слободата. Затоа ги зголемуваме инвестициите во економиите на државите со ниски и средни приходи, нагласи Трус.