Три дози од Фајзер значително штитат од сојот омикрон, тврди израелско истражување

Од:

Израелските научници вчера објавија дека откриле дека тројната вакцинација против коронавирус со вакцината на Фајзер/БиоНТек обезбедува значителна заштита од нова варијанта на омикрон.

Заклучоците од истражувањето се слични со оние што претходно неделава беа презентирани од БиоНТек и Фајзер, што беа првиот знак дека дополнителните дози на вакцината би можеле да бидат клучни за заштита од новоидентификуваната варијанта на коронавирус.

Истражувањето, спроведено од медицинскиот центар Шеба и Централната виролошка лабораторија на израелското Министерство за здравство, ја спореди крвта на 20 лица кои примиле две дози од вакцината пред пет-шест месеци со исто толку луѓе кои ја примале третата доза пред точно еден месец.

-Лицата кои ја примија втората доза пред пет или шест месеци немаат способност да го неутрализираат омикронот. Иако имаат некоја заштита против делта, изјави Гили Регев-Јочај, директор на Одделот за заразни болести во Шеба.

„Добрата вест е што со третата доза за 100 пати се зголемува способноста за неутрализирање. Има значителна заштита со третата доза. Таа е пониска од способноста за неутрализација против Делта, околу четири пати помала“, додаде таа.

Израелскиот тим соопшти дека работеле со жив вирус додека фармацевтските компании го користеле тоа што е познато како псевдовирус, кој има карактеристични омикронски мутации.

Израелското истражување следи по истражувањето од Јужна Африка кое покажа дека сојот омикрон може делумно да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат две дози од вакцината.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска