Европа бележи пад на бројот на болни и новозаразени со коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација за европскиот регион.
Здравствената агенција на Обединетите нации соопшти и дека податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести покажале дека во 18 земји од Европската унија се регистрирани 212 случаи на Омикрон, и тоа претежно благи и асимптоматски случаи.
Сепак, СЗО предупреди дека се верува оти Омикрон ќе продолжи да се шири, бидејќи пристигнуваат нови податоци за размерите на сојот.
Во претходните седум дена, бројот на нови случаи во Европа се намали за два отсто (2,6 милиони случаи), додека три отсто помалку пациенти починале во споредба со претходната недела (29.000 луѓе).