Кривична одговорност за родителите во Грција кои ги лишуваат децата од задолжителното образование

Од:

Законска одредба што предвидува парична, но и затворска казна до две години за „борба со феноменот родителите или старателите да не ги пуштаат децата на училиште, поради пандемијата или други причини“, доставија Министерствата за образование и за правда на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Во изминатиот период во Грција имаше случаи на родители кои одбиваат нивните деца да носат маски на училиште или да прават селф тестови, односно тестови за домашна употреба, кои се задолжителни и бесплатни, со резултат овие ученици да не следат настава.

Министерката за образование на Грција Ники Керамеос за грчката телевизија „Скај“ истакна дека „ако родителот не сака да го тестира детето, не може ученикот да не оди на училиште“, објасни дека станува збор за мал број случаи, но додаде дека тие се должни да го заштитат правото на образование.

-Ако директорот на училиштето констатира дека детето е отсутно подолг период без да има здравствена причина или нешто друго, тогаш ги повикува родителите на разговор за да сфати која е причината и ако продолжи истата ситуација се информира обвинител и случајот го презема правдата. Ќе има кривична одговорност за родителите кои одбираат да ги исклучат децата од образовниот процес, објасни Керамеос.

Одредбата што е веќе доставена во грчкиот Парламент и ќе се гласа денеска, се однесува на задолжителното образование во земјата.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески