(ВИДЕО) „Нашите срца пак ќе горат“, нова химна на навивачите на Работнички

Од:

Ова е новата навивачка химна на нашиот најтрофеен кошаркарски клуб Работнички.

Навивачката група Сити Парк Бојс повторно е убедена дека ќе завршат валканите игри на актуелното раководство на Работнички поставено од претходниот градоначалник Тодоровиќ и затоа пеат„Нашите срца пак ќе горат“.

Очигледно е дека некој не сака клубот да продолжи да работи и да постигнува резултати. Се уште актуелната управа поставена од Тодоровиќ ги нема подмирено сите обврски кон играчите и службите, кои се околу 100.000 евра.

Истата таа управа влезе и во директна војна со навивачката група Сити Парк Бојс.

Членовите на управата и извршниот директор Тони Димитровски не одговараат на повиците за да се свика Годишно собрание со што би се разгледувала моменталната состојба во клубот и би се преговарало за назначување на нова управа за враќање на стариот сјај на К.К. Работнички.
Започнати се преговори за составуање на нов Управен Одбор кој треба да го врати К.К.

Работнички на старите патеки, откако ќе се смени статрата управа. Веќе се договорени спонзори, играчки кадар, а се најавува и враќање на легендата на К.К. Работнички – Марин Докузовски на челната позиција во тимот.

Заврши и трпението на кошаркарите на Работнички кои ја информираа јавноста дека своите права дефинитивно ќе ги бараат преку судските институции во земјава.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

A1on

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

(ВИДЕО) Ковачевски: Ги охрабрувам македонските компании да ги поддржуваат спортските клубови

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

Бразилецот Рафаел Гоес, нов играч на Работнички

А1он

ССМ ќе ги застапува пред суд работниците од штипска „Баргала“, потпишуваат полномошно

Жарко Настоски