Кинеските медиуми пренесоа дека мажот во инвалидска количка кој денес на меѓународниот аеродром во Пекинг активира рачна бомба, е единствен повреден.
Државната кинеска телевизија објави дека мажот е повреден при детонација на бомбата и дека е пренесен во болница, но за среќа никој други не претрпел повреди, ниту пак летовите биле одложени.
Канцеларијата за односи со јавноста на аеродромот во Пекинг истакна дека нема сознание за случувањето, а полицијата не сакаше да одговори на повеќе прашања.
На кинескиот сервис, „Sinaveibo“ се наведува дека еден човек активирал пакување црн барут, кој што се користи за производство на пиротехнички средства, на терминалот 3, пред излезот за меѓународни летови.
Елена Георгиевска