Се нуди еднодневен престој во куќата на Кевин

Од:

Ноќевање во куќата од филмот „Сам дома“ во гратчето Винетка, близу Чикаго, Илиноис, САД, ќе им овозможи на четворица среќници, да ги доживеат своите омилени сцени од празничната класика од 1990 година за 2.500 долари, заедно со даноци и други давачки, преку „Ер-БНБ“.

Еднодневниот престој во филмската семејна куќа од „Сам дома“ ќе биде достапен од вторник. Домот е уреден налик оној во филмот што го прослави ликот на Кевин Мекалистер во изведба на Меколи Калкин. Понудата, според „Глас Истре“, е еднократна.

Девин Ретреј, кој го глумеше постариот брат на Кевин – Баз, ќе ги поздрави гостите преку Зум.

„Сега можеби сме сите постари и помудри, но никогаш не сме премногу стари за празничните веселби“, вели Баз во своја објава. – „Значи, празниците оваа година поминете ги, не сами – во куќата на моите родители“.

Кога гостите ќе влезат низ вратата, ќе ги пречека црвен тепих и слика на Баз на ѕидот. Тие ќе уживаат во празничната атмосфера на дневната соба со елка и волнени чизми кои висат над каминот. Посетителите ќе спијат во собата на родителите на Кевин со постери насекаде, а ќе има и „татковски“ лосион за после бричење, стар радиочасовник и огромен телевизор, исто така, од оние постарите. Има е и втора спална соба за деца.

Доживувањето вклучува и лименки, брза храна од 1990-тите – најдобрата пица во Чикаго и вечера со свеќи, со висококалорични макарони и сирење, како и средба со миленичето – тарантула на Баз, Аксл. Посетителите ќе можат да го гледаат и најновото, шесто продолжение на филмот – „Home Sweet Home Alone“ во којшто Ретреј ја повторува својата улога.

Новиот филм, инаку, „Сам дома 6“ засега има доста ниска оценка на ИМДБ – 3,5 / 10. На „Ротен томатос“ рангот е 12 отсто, што е, исто така, ниска оценка.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски