Новиот водечки смартфон, кој доаѓа од јужнокорејската компанија „ЛГ Електроникс“, ќе ја носи ознаката G2 и ќе биде првиот модел во рамки на новата G премиум серија.
Сите идни „паметни“ телефони од оваа серија ќе ја имаат ознаката „G“, додека имињата на сите останати премиум модели, кои се веќе на пазарот, ќе останат исти.
– Сакаме сите наши идни G модели да останат синоним за совршенство кога станува збор за смартфоните. Токму смартфонот на ЛГ, G2 ќе гради таква репутација, која ќе се заснова врз одличните успеси кои ги постигнале претходните одели, изјави претседателот и извршен директор на „ЛГ Електроникс“ Џонг-сик Парк.
Покрај тоа, LG смартфонот со размер на екранот 4:3 во иднина ќе ја има само ознаката „Vu“. Сите LG смартфони користат врвна технологија и препознатлив LG UX кориснички интерфејс, кој ги нагласува поинаквите технолошки аспекти и достигнувања на секој модел одделно.