Северна Кореја постхумно му додели нов медал на поранешниот лидер Ким Џонг-ил, во пресрет на одбележувањето на шестте децении од завршувањето на Корејската војна, пренесоа агенциите.
Одлуката за тоа ја донело претседателството на парламентот, пренесоа корејските медиуми, наведувајќи дека „Ким Џонг-ил бил патриот без конкуренција кој ги разбил империјалистичко-реакционерните обиди за изолација на Северна Кореја“.
Ким Цонг-ил почина во декември 2011 година.
Севернокрејските државни медиуми наведуваат дека медалот бил воспоставен во април и додаваат дека политиката „прво војската“ била важно средсво „во одбраната на земјата и борбата против империјализмот и САД“.
Ким, кој беше заменет од неговиот помлад син Ким Џонг-ун, доби бројни највисоки одличја во земјата, меѓу кои и херој на земјата, како и големиот генерал.