Набавени 15 опремени камиони и три машини за одржување на магистралните и регионални патишта

Од:

Со блок дотација од 180 милиони денари средства од буџетот, набавени се нови 15 комплетно опремени камиони и три машини за утоварање на ризла и сол, за потребите на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионални патишта.

Според министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, Владата покажа подготвеност, и со новата инвестиција го подигна капацитетот на зимската служба на ЈП за одржување на магистралните патишта.

-По 25 години за првпат го подобривме возниот парк на Јавното претпријатие. Со новите опреми, значително го зголемуваме капацитетот на Јавното претпријатие за зимско одржување на патиштата, изјави министерот Бочварски при денешната посета во базата на Јавното претпријатие за одржување на магистралните патишта.

Министерот ги повика и локалните самоуправи да се подготват и да се вклучат со сопствени капацитети за зимско одржување на локалните патишта.

Директорот на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта Беким Мемеди потенцираше дека цела потребна механизација и човечки капацитет е веднаш ставен во функција за претстојната зимска сезона.

-Подготвени сме за зимската сезона, веднаш ги ставивме во функција новите возила. Дополнително, би сакал да истакна дека набавивме 11 илјади тони индустриска сол и 8 илјади кубици ризла за тековното зимско одржување на патиштата. Воедно, би ги повикал сите учесници во сообраќајот, да ја поседуваат пропишаната зимска опрема во возилата, рече Мемеди.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска