ВИДЕО: Блесна елката пред „Рокфелер“ во Њујорк

Од:

Светлата на божиќното дрво пред њујоршкиот „Рокфелер центар“ беа официјално и свечено запалени на Менхетен. Висината на норвешката смрека е 24 метри.

Покриена е со повеќе од 50.000 светлки во боја на виножито, а на врвот е поставена ѕвезда обложена со кристали тешка околу 400 килограми. Овогодишната „елка“ во центарот на Рокфелер е од сојузната држава Мериленд.

На свеченоста присуствуваа многу гледачи, за разлика од лани, кога пристапот беше ограничен поради пандемијата на коронавирус. На сцената излегоа музичарите Нора Џонс, Хери Коник Помладиот, Бред Пејсли и Алеша Кара. Настанот одеше во живо на телевизијата „Ен-би-ес“ (NBS).

Првата елка пред „Рокфелер“ беше поставена од страна на вработени таму, во 1931 година, од кога и трае традицијата.

Би можело да ве интересира

Нови Сад: Прославата на новогодишната ноќ е откажана од почит кон жртвите во трагичната несреќа

Горан Наумовски

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски