Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска – Полизова вечер во рамки на Есенските музички свечености ќе одржи концерт насловен „Света Злата слави“ по повод 25-годишниот јубилеј од своето постоење. Концертот првично беше закажан за 30 ноември, но поради вонредни околности е поместен за вечерва, а ќе се одржи во терминот од 20:30 часот во Фоајето на Национална Опера и Балет.
Поради вонредните околности во центарот на градот, најавениот концерт на „Есенските музички свечености“ 25 години јубилеј „СВЕТА ЗЛАТА СЛАВИ“ кој требаше да се одржи
На концертот како гости ќе настапат гитаристот Влатко Стефановски, Сања Шуплевска – виолина, Орце Ицковски – фагот – камерен ансамбл „Полифонија“, Давор Јордановски аранжман и клавијатури, Калина Велковска – Кали – вокал и Иван Еминовиќ на пијано.
На програмата се дела од Прокопиев, Шуплевски, Скаловски, Зографски, Стојков, Лековски, Запров, Д.Имери, Д.Јордановски, Бортњански, А.L.WEBER, B.GRAHAM, B.E.KING, LARRY BRYANT.
„Св.Злата Мегленска“ е женски камерен хор, формиран во 1996 година при Македонската Православна Црква, со благослов на Митрополитот Полошко- кумановско г. Кирил.
Св.Злата Мегленска преку своето 25 – годишно континуирано работење, стана хорски расадник и културен храм, каде со огромна љубов и посветеност ги стави сите хорски жанрови во функција на афирмирање на домашните автори, композитори и аранжери. Но, приоритетен предизвик е афирмирање на првичните пројавувања на младите академски музичари, соло пејачи и вљубеници во хорската музика.
Многу млади соло пејачи, музичари и студенти на ФМУ Скопје, токму со хорот „Св. Злата Мегленска“,како редовни хор-солисти го имаа првото солистичко деби започнувајќи ја својата солистичка кариера (Ана Дурловски, Милена Арсовска, Николина Јаневска, Катерина Стојановска, Билјана Јосифов, Ирена Крстеска, Ивана Здравковска….)
„Св.Злата Мегленска“ во јавноста е познат како културен амбасадор и реализатор на низа значајни меѓународни и државни фестивали, натпревари, концерти, предавања и слични настани од областа на културата. Карактеристични и општо познати активности на хорот преку истоименото Здружение, се организацијата на манифестацијата „БОЖИК-СЛАВА“, Велигденски концерт „ВОСКРЕСЕНИЕ ТВОЕ“, организација на првиот фестивал на византиско пеење „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“,презентацијата на хорски дела на младите автори, поттикнување на творештвото на најмалдите.
Женскиот камерен хор „Св.Злата Мегленска“-Скопје, има возвишена цел, кој освен музицирањето и пријателското дружење, се стреми кон подигање на патриотстите чувства, будење на националната свест и негување на традиционалните вредности. Тој претставува двигател на музичкиот живот во Градот и Републиката. Негов основач и диригент е академскиот музичар Летка Димовска Полизова.
Во период од 25 години концертна и фестивалска дејност, хорот „Св. Злата Мегленска“ има освоено бројни награди дома и во странство, а за 2016 година и титулата, СВЕТСКИ ШАМПИОНИ. Во биографијата на успесите на хорот се вбројуваат шест олимписки медали ( 5 златни и еден сребрен медал), три Гран При награди, 14 меѓународфни златни медали, 11 сребрени, три бронзени медали и осум специјални награди. Сите овие награди и признанија се освоени на настапи во: Велика Британија, Бугарија, Америка, Австралија, Германија, Франција, Италија, Словенија, Шпанија, Австрија, Шведска, Летонија, Хрватска, Португалија, Канада, Калифорнија, Чешка, Швајцарија, Русија, Ирска. Пееле и во најпознатите светски катедрали, концертни сали, оперски куќи, национални музеи ..(Опера Хаус, Варшавска опера, Берлинска Катедрала, Св.Игнацио, Ла Фениче, Нотр дам, Дуомо, Св.Софија.
Диригентот и основач на хорот „Св. Злата Мегленска“ Летка Димовска-Полизова своето основно и средно музичко образование го завршува во родниот град Битола, а високото образование во Скопје на Високата музичка школа (наставно-теоретски отсек), а подоцна и на ФМУ-Скопје, при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје (соло пеење).
Од наставник во музичко училиште во Кавадарци (1974-1979), професор во гимназијата „Ј.Б.Тито“ – Кавадарци (1977-1979), преку музички педагог и диригент во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје (1979-2001), потоа раководител на Хорското стиудио во МКЦ (2001-2002), државен службеник во Агенцијата за иселеништво на Република Македонија (2002-2011), и самостоен уметник (01.01.2012 година ), таа се потврди и се афирмира како еден од најплодните педагози и културни дејци, целосно посветена на хоровите и на македонската традиција и хорско тотворештво, обременета со епитетот „најуспешна (жена) хорски диригент во Македонија“.
Таа во 1980 година, го формира Младински мешан хор „Кочо Рацин“,Скопје, во 1988 година Детскиот хор „Златно Славејче“, при Советот за грижи и воспитување на децата на Град Скопје, во 1990 година, го формира и Детскиот радио хор при МРТВ, а во 1991 година, Црковниот хор „Св.Климент Охридски“, при МПЦ. Во 1996, го формира Женскот камерен хор „Св.Злата Мегленска“-Скопје.
Во 2011 година таа стана член во Советот на Светската хорска асоцијација IINTERKULTUR со седиште во Германија. Во 2014 година е добитник на нагадата Личност на годината на Нова Македонија, во 2016 година ја доби наградата 13 Ноември на Град Скопје, а во 2017 година и наградата Посланије за хуманост „Мајка Тереза“.