Полицијата го блокираше центарот на Скопје, неофицијално има дојава за бомба

Од:

Зградата на Македонската опера и балет, заедно со Македонскиот народен театар се евакуирани, заедно со сите околни објекти, меѓу кои и зградата во која се сместени МИА, СЕП, ДКСК, Финансовата полиција, Инспекторатот за животна средина. На вработените им е кажано веднаш да излезат од објектите.

Акцијата на полицијата трае веќе половина час, а неофицијално, станува збор за дојава за бомба поставена во некој од објектите. Сите улици кои водат до МОБ се блокирани од страна на полицијата.

Забeлежливо е зголемено присуство на полицијата и полициски возила.

Засега од МВР нема информации за што станува збор и дали информацијата за поставен експлозив е точна.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Награди за најдобри женска и машка епизодна улога за Кочовска и Михајловски на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба