Гаши ќе преговара со Заев за влез во Влада: Одлучивме да и дадеме шанса на стабилноста

Од:

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада. Според нив, евентуалното приклучување кон владината коалиција, ќе може да донесе излез од економската, здравствената и политичка криза во Македонија. Дополнително, како што објаснија од партијата, влезот во коалиција со СДСМ и ДУИ ќе значи, ќе значи и шанса за стабилност, а со тоа и отпочнување преговори со Европската Унија.

„Разговаравме за политичката состојба во земјата и констатиравме дека ние сме длабока почитичка, енергична и здравствена криза. Овој ќорсокак предизвика многу неизвесна. Јас согледавме оваа ситуација и Алтернатива како сериозна партија како можеме да ја откочиме оваа ситуација. Одлучивме да и дадеме шанса на стабилноста и континуитетот за земјава да се надева на датум за преговарање со ЕУ. Го овластивме претседателот да комуницира со актуелниот премиер или новиот мандатар за да се види дали има простор за заедничка владина програма. Се зависи од тоа што ќе се разговара и што ќе се договори“, кажаа од Алтернатива.

Одлуката дали Алтернатива ќе биде дел од владината коалиција ќе ја донесе централното собрание. Состанокот ќе биде закажан откако ќе има епилог од преговорите меѓу Заев и Гаши. Од Алтернатива не кажаа што ќе бараат од СДСМ за влез во Владата и рекоа: „Повеќе ќе бидеме заинтересирани за начините за илзез од кризата, отколку за тоа што ќе добиеме ние“.

Би можело да ве интересира

Алтернатива: ДУИ креира лажни вести, Гаши ќе присуствува на Самитот на НАТО

Катерина Ѓуровски

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт

Предраг Петровиќ

Ќе се почувствува молњата што доаѓа: Алтернатива, Беса и Демократско движење од следната недела официјално

Талат Џафери, ДУИ и Алијанса го спасуваат Љубомир Јовески од интерпелација тврди албанската опозиција

Катерина Ѓуровски

Алити: И кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството

Предраг Петровиќ