Одредени двојките за 3. коло од Лигата на шампионите

Од:

Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска во Нион ги одреди двојките за 3.коло од квалификациите од Лигата на шампионите.

Доколку македонскиот првак Вардар направи изненадување и ја мине Стеауа, потенцијални противници се екипите на Динамо Тбилиси или Стреимур.

Во оваа фаза се вклучуваат и нешто поквалитетни екипи, кои се поделни во две подгрупи:

Во „Лига подгрупата“ ќе играат:

Нордсјеланд – Зенит;
Салцбург – Фенербахче;
ПАОК – Металист Харков;
ПСВ Ајндховен – Зулте Варегем;
Олимпик Лион – Грасхоперс.

Во подгрупа „Шампиони“ има уште дилеми бидејќи одиграни се само првите натпревари од 2.коло од квалификациите, па потенцијалните двојки се:

Базел – Ѓер / Макаби Тел Авив;
Слиго Роверс / Молде – ТНС / Легија;
Слован Братислава / Лудогорец – Ширак / Партизан;
Динамо Тбилиси / Стреимур – Стеауа / Вардар;
Апоел – Биркиркара / Марибор;
Селтик / Клифтонвил – Елфсборг /Даугава;
БАТЕ Борисов / Шахтјор Караганди – Нефчи / Скендербег;
Аустрија Виена – Екранас / Хафнарфјордур;
Хелсинки / Номе Калју – Викторија Плзен/ Железничар;
Флора Еш / Динамо Загреб – Шериф / Сутјеска.

Првите натпревари ќе се играат на 30 и 31 јули, а реваншите на 6 и 7 август.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска