За што најмногу се „војува“ на Wikipedia

Од:

Интернет енциклопедијата Wikipedia, секој може да ја едитира, има околу 22 милиони статии на 285 јазици, а за нејзините содржини придонеле околу 77.000 корисници.

Tоа значи дека некои од статиите ќе предизвикаат спорови, дебати или расправии или ситуации во кои еден корисник објавува нешто, а друг, веднаш по него, го менува тоа.

Ваквите војни со едитирањето на статиите може да се искористат за да се лоцираат контроверзните теми, но интересно е да се анализира како ваквите ситуации варираат меѓу јазиците и културите.

Таха Јасери од Универзитетот Оксфорд и неговиот тим на истражувачи ги лоцираа најконтроверзните теми во различните јазици, врз основа на обемот на војните со едитирањето.

Истражувачите се фокусирале на темите кои биле едитирани на тој начин што корисникот целосно ја брише актуелната верзија и објавува сопствена верзија, а потоа следува реакција во која повторно се враќа на првобитната форма и процесот се повторува многукратно.

Колку повеќе вакви преправки имаат статиите, толку тие се поконтроверзни според параметрите што ги утврдиле истражувачите од Оксфорд.

Според нивното истражување ова се 10-те најконтроверзни теми на англиски јазик:

1. Џорџ Буш
2. Анархизам
3. Мухамед
4. Листата на WWE борчи
5. Глобално затоплување
6. Обрежување
7. САД
8. Исус
9. Раса и интелигенција
10. Христијанство

Истражувањето покажало дека различни теми се контроверзни на различни јазици кои можат да се поделат во три групи: англиски, германски, француски и шпански; чешки, унгарски и романски; како и арапски, персиски и еврејски. Сепак најчестите теми околу кои се „кршат копјата“, без разлика на јазикот, се религиите, религиозните фигури, како и разни историски личности.

Извор: BBC

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски