Обединетите нации бараат докази за состојбата на тенисерката Шуаи

Од:

Обединетите нации (ОН) побараа денеска докази за состојбата на кинеската тенисерка Пенг Шуаи, која исчезна откако обвини висок функционер за сексуално злоставување.

– Би било важно да имаме докази за тоа каде се наоѓа и дали се чувствува добро. Бараме да се спроведе транспарентна истрага за нејзините наводи за сексуално злоставување, изјави портпаролката на Канцелријата за човекови права на ОН, Лиз Тросел.

Тенисерката Шуаи на 2 ноември преку социјалните мрежи објави дека поранешниот кинески премиер Жанг Гаоли сексуално ја злоупотребувал по еден тениски натпревар пред три години.

Нејзините пораки половина час по објавувањето без избришани, а сите објави и коментари, како и клучни зборови за пребарување, како на пример „тенис“ се блокирани од кинескиот интернет. Оттогаш и се губи секаква трага на Пенг Шуаи.

Би можело да ве интересира

Барти триумфално ја почна тениската година

Ана Ололовска

Осака за амбициите во 2022 година: Никогаш повеќе да не плачам на прес-конференции

Ана Ололовска

Полуфиналистката на Австралија опен, Мухова, ќе го пропушти турнирот во 2022 година

Ана Ололовска

Ема Радукану избрана за спортска личност на годината на „Би-Би-Си“

А1он

Барти и Осака во јануари се враќаат на тениските терени

А1он

ВТА ја избра Барти за тенисерка на годината

А1он