LG го подготвува својот најнов смартфонот, G2 кој ќе биде еден од најимпресивните уреди на годината, барем на хартија.
Најновите гласини укажуваат дека G2 ќе биде опремен со 5.2-инчен full HD 1080p дисплеј, 2.3GHz Snapdragon 800 процесор, 2GB RAM меморија и 13-мегапикселна задна камера.
LG продаде повеќе од 10 милиони смартфони во светот во последниот квартал, а извршните директори веруваат дека продажбата на G2 ќе се зголеми дополнително во втората половина од годината.
LG се очекува да го објави претстојниот телефон G2 на прес-конференција во Њујорк на 7 август.