Уште неослободен, Русковска бара Јанакиески повторно да оди во притвор

Од:

Миле Јанакиески да биде однесен во Шутка за „27 април“ бара обвинителката Вилма Русковска од Кривичниот суд. Ова доаѓа откако тој денеска беше ослободен од Апелациониот суд по три години домашен притвор. Русковска за „А1он“ вели дека таа барала тој да биде однесен во затворот „Скопје“ и при објавување на пресудата. Прашана зошто сега одново бара притвор, вели дека поради тоа што против него се водат повеќе предмети.

„Кога ќе добиеме решението од Апелација, ќе го поднесеме барањето“, вели Русковска за „А1он“.

Таа посочи дека веќе поднела и жалба за висините на казните кои обвинетите ги добија во случајот „27 април“.

Јанакиески денеска беше ослободен за „ТНТ“ поради што одлежуваше домашен притвор. Барањето на Русковска доаѓа само по неколку часа откако Апелација испрати соопштение до медиумите дека Јанакиески е ослободен од притвор. Решението, се уште не е доставено до Русковска и обвинетиот.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

(ВИДЕО) СДСМ: ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста на фирмата од денешната бомба со Миле Јанакиески?

Горан Наумовски

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски