Заврши пописот во Хрватска

Од:

Во Хрватска синоќа заврши пописот, што беше двапати продолжен поради епидемиолошката состојба и тешкотиите со кои се соочија попишувачите на терен.Пописот првично требаше да биде завршен на 17 октомври, но рокот за завршување на пописот беше продолжен прво до 29 октомври, а потоа и до 14 ноември.

Тоа беше прв дигитален попис во Хрватска, спроведен во две фази. Во првата, граѓаните можеа да се пријават преку системот е-граѓани и само да им предадат шифра со контролен број на попишувачите или да ја залепат на вратата. Оние кои самите не го направија тоа беа попишувани во втората фаза од попишувачи на терен.

Самостојно се попишани над 1.630.000 граѓани, што е 40 отсто од вкупното население.

Според прописите на Европската унија, Хрватска, како и сите земји од тој блок, имаат рок од 27 месеци да ги објават резултатите, а првите резултати ќе бидат објавени во средината на јануари.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари