Со деветте натпревари одиграни синоќа беше комплетирано 2. коло од квалификациите за фудбалската Лига на шампиони.
Највисока победа постигна Елфсборг од Шведска против првакот на Летонија Даугава со 7:1, а дури четири екипи остварија гостински победи.
Преглед на резултатите од 2. коло од квалификациите:
Ширак – Партизан 1:1,
Хелсинки – Номе Каљу 0:0,
Нефчи Баку – Скендербег 0:0,
Елфсборг – Даугава 7:1,
Слајго Роверс – Молде 0:1,
Слован Братислава – Лудогорец 2:1,
ТНС – Легија 1:3,
Ѓер – Макаби Тел Авив 0:2,
Клифтонвил – Селтик 0:3.
Во вторникот: Викторија Плзен – Железничар 4:3, БАТЕ Борисов – Шахтјор Караганди 0:1, Динамо Тбилиси – Стрејмур 6:1, Екранас – Хафнарфјордур 0:1, Шериф – Сутјеска 1:1, Биркиркара – Марибор 0:0, Фола Еш – Динамо Загреб 0:5 и Стеауа – Вардар 3:0.
Реванш дуелите се играат на 23 и на 24 јули.