(ВИДЕО) Јакимовски расположен откако му се одложи рочиштето: Смешни ви се прашањата

Од:

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски наместо одговори, за новинарските прашања коментираше дека се смешни. По десетина минути во судница и одлагање на судењето, тој не одговори дали за наредното закажано рочиште, неговиот адвокат ќе дојде на судење. Прашан дали ќе најде време за рочишта откако стана градоначалник, тој посочи дека има одлични менаџерски способности.

„Смешно е прашањето. Секогаш сме се јавувале на сите рочишта и на сите рочишта ќе присуствуваме“, кажа Јакимовски.

За него, присуството на медиуми на првото рочиште по судската ферија е оркестрирано од страна на како што рече: „еден центар“.

„Некому е тешка победата која ја имам“, додаде Јакимовски без да одговори зошто процесот се одолговлекува три години.

Инаку рочиштето се одложи бидејќи родителите на неговиот адвокат биле заболени од коронавирус. Според Јакимовски, адвокатот имал интензивен контакт со нив. Судијата Осман Шабани побара да му се достави решение за изолација, како и да направи тест за коронавирус.

Би можело да ве интересира

Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци.

Одложено одењето во затвор на Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски доби упатен акт за во затвор, а сѐ уште ја чека пресудата

А1он

Апелација ја потврди едногодишната казна затвор за Стевчо Јакимовски за бесправно градење

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте