Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ вели дека со големо внимание ги следи надворешно-политичките настани како и тие на внатрешен политички план кои директно или индиректно влијаат врз внатрешните политички прилики и евроинтеграциите.
„Совет на амбасадори ја поздравува поддршката на европската перспектива на земјите на Западен Балкан како споделен стратешки избор изразена во завршната декларација на Самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан на 6 октомври минатиот месец.
Советот го изразува своето жалење што и за времето на овој европски самит, и покрај многу пати потврдените заложби за проширување на Унијата, лидерите на земјите членки не смогнаа сили да одредуваат и конкретен датум за оддржување на првата меѓувладина конференција ЕУ-Република Северна Македонија и Албанија и покрај многу пати повторената констатација дека двете земји ги исполнуваат критериумите за почеток на преговорите.
Советот посебно го поздравува претставениот економски-инвестициски план (EIP) на ЕУ и насоките за спроведување на Зелената агенда на Западен Балкан кој предвидува инвестицијски пакет од 30 милијарди евра за регионот за наредните седум години кој знатно ќе придонесе за економски развој за целиот регион.
Совет на Амбасадори високо ги ценaт напорите на Антони Блинкен, државен секретар на САД и Жозеп Борел Висок претставник за надворешната политика на ЕУ за изнаоѓање на брзо решение во спорот со Бугарија во полза на поспешување на интегративниот пат на Република Северна Македонија и Република и Албанија кон Европската Унија.
Совет на амбасадори ги повикуваат бугарските лидери да бидат пофлексибилни и по пријателски настроени кон земјите на Западен Балкан во процесот на проширувањето на Унијата, наместо да непотребно го блокираат процесот.
Совет на амбасадори го поздравува успешниот завршеток на локалните избори во земјава како испит на голема зрелост на демократија.
Советот ги повикува политичките партии на власта и опозицијата преку нивната работа во органите на владата и Собранието сестрано да се ангажираат во реализирање на предвидените реформи во сите области на живеењето со цел побрза интеграција на земјата во Унијата.
Советот смета дека политичките партии наместо нивниот фокус да го ставаат во организирањето на чести предвремени избори (со што ја слабнат економијата) нивниот фокус да биде во зголемување на ефикасноста на работата на Собранието и зајакнување на институциите на државата“, се наведува во соопштението.