А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Совет на Амбасадори: Северна Македонија непотребно стана дел на предизборната кампања во Бугарија

by А1он19/11/2021 - 15:2219/11/2021 - 15:32258
Share0

Следејќи ги политичките настани во Република Бугарија за време на парламентарните и претседателски избори изминатиот викенд, здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори” со жалење констатира дека Република Северна Македонија непотребно стана дел на предизборната кампања во оваа соседна и пријателска земја.

Следете a1on на Instagram Instagram

Советот на Амбасадори, како што стои во денешното соопштение, со разочарување ја прими најавата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, како и изјавата на министерот Светлан Стоев, дадена на состанокот со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и претставникот на Европската Унија во Софија, дека Бугарија нема да поддржи почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во Европската Унија, во декември оваа година.

– Совет на Амбасадори смета дека ваквото постапување од Република Бугарија не е во насока на напорите на Јозеф Борел, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, на земјите членки на Унијата и на Стејт Департментот на САД, за час поскоро одржување на првата меѓувладина конференција ЕУ-Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Советот на Амбасадори оценува дека оваа најава е особено неповолна и опасна во време кога земјите на Западниот Балкан се соочуваат со закани по безбедноста на регионот, со влошување на епидемиолошката состојба со Ковид-19, и со енергетска криза.

Следете a1on на Youtube YouTube

Советот се надева дека и покрај овие најави, државните чинители на Бугарија ќе смогнат сили, на Самитот на ЕУ во декември, да и го отворат патот на Република Северна Македонија кон побрзо интегрирање во Европската Унија.

bugarijadogovor bugarijasovet na ambasadori

Би можело да ве интересира

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Катерина Ѓуровски04/11/2026 - 14:08

Бугарија повторно на удар на лажни дојави за бомби

А1он03/11/2026 - 15:52

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

Горан Наумовски03/11/2026 - 09:06

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 08:2902/11/2026 - 10:35

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

Горан Наумовски01/11/2026 - 08:06

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски29/10/2026 - 09:1729/10/2026 - 12:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео