Советот на амбасадори ја поздравува силната поддршка на САД за брза евроинтеграција на земјава

Од:

Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори ги поздравува напорите на американскиот Стејт Департмент за стабилизирање на безбедносните состојби на Западен Балкан и забрзување на евроинтеграциските процеси преку именување на Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија за специјален пратеник на САД за Западен Балкан.

– Совет на Амбасадори високо ја цени силната поддршка на американската администрација, изразена за време на посетата на Габриел Ескобар во Скопје за брза евроинтеграција на Северна Македонија и нивната работа со европските партнери за да се обезбеди тоа да се случи многу брзо, стои во соопштението на Советот на амбасадори.

Совет на амбасадори исто така ја поздравува одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да го назначи Стјуарт Пич за специјален пратеник за Западен Балкан, како дел од тековната посветеност на Обединетото Кралство за стабилност и просперитет во регионот, а во функција на зајакнување на меѓународните напори за заштита на мирот и промовирање на евроатлантската интеграција во овој клучен регион.

– Советот е убеден дека Габриел Ескобар во соработка со Стјуарт Пич, Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна политика и Оливер Вархеји, ЕУ комесар за проширување и балканските лидери ќе и отворат на земјите на Западен Балкан вистинска ЕУ перспектива и што побрза интеграција во ЕУ преку надминување на присутните билатерални несогласувања и недоразбирања, стои во соопштението на Советот на амбасадори.

Би можело да ве интересира

Осуда од Советот на амбасадори на терористичкиот напад во Москва

Филипов: Одлуката на ЕУ за Украина треба да биде отрезнувачка, ние не треба самите да си ставаме сопки

Совет на амбасадори: Осудуваме испади и насилство чија цел е дестабилизација на земјата

Совет на Амбасадори: Северна Македонија непотребно стана дел на предизборната кампања во Бугарија

А1он

Совет на амбасадори: Политичките партии да го стават фокусот на зајакнување на институциите, а не на организирање чести избори

А1он

Потребно итно професионализирање на дипломатската служба, порача Советот на амбасадори во реакцијата за приведениот дипломат

Ана Ололовска