(ВИДЕО) Јанчева: Се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се исто

Од:

Претседателката на советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, изјави дека најавеното формирање на мнозинство во Советот на Град Скопје што денес го најавија ВМРО-ДПМНЕ и Левица е далеку од завршена работа.

„Денес се потврди само дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се едно исто, нешто што одамна го зборувавме.

А што се однесува до Советот на Град Скопје ништо не е завршено. Битката во Скопје е во недела по што ќе видиме кој има реално мнозинство.

Како што знаете ќе има прегласување на едно место во Шуто Оризари и во зависност од резултатот може да дојде до нов распоред на советничките места.

Дополнително, сите независни листи, реалните гласови на граѓаните не можат да бидат надвор од Советот на Град Скопје, СДСМ ќе ги вклучи и нив.

Во недела е потребно обединување на демократските, прогресивните сили во Скопје, во недела е потребно обединување на гласот за напредок.

Да не дозволиме остатоците од режимот здружени со лажните левичари да добијат можност да го уништуваат Скопје како што тоа го правеа 27 години.

Скопје мора да продолжи да се развива, да се гради како европска метропола, а не како метропола на кичот и барокот.

Да излеземе во недела и да гласаме за број 12, да гласаме за Петре Шилегов, да гласаме Скопје да продолжи со својата успешна приказна“, рече Јанчева.

Би можело да ве интересира

Левица: Синовите на шоферот на Јанушев со години штитени од полицијата – бараме одговори од Тошковски

А1он

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот

А1он

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари