Анкета на CRPC: СДСМ со мала предност во Куманово и во тесна трка со независниот Димитриевски

Од:

Центарот за политички истражувања и комуникации спроведе анкета врз 281 испитаник во Куманово, поврзана со вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат на 31 октомври.

Анкетата покажа тесна трка за градоначалничкото место во Општина Куманово. Со минимална предност е кандидатот од СДСМ Оливер Илиевски пред независниот кандидат Максим Димитриевски.

Анкетата на ЦПИК спроведена на терен „лице в лице“ според случаен метод, ги даде следниве резултати. Од вкупно 281 анкетиран гласач 41,63% подршка би му дале на кандидатот од СДСМ Оливер Илиевски, или за него на 31 октомври својот глас би го дале 117 испитаници, а за противкандидатот Максим Димитриевски би гласале 115 испитаници или 40,92 %.

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Димитриевски го осуди вандализирањето на просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане