Стоилковски: Универзална сала на Шилегов не работи, а изнајмува опрема за над 100.000 евра

Од:

Пет години во Скопје Универзалната сала е затворена, пет години нема никакви случувања, ама тоа не значи дека Петре Шилегов и неговиот пријател Филип Аврамчев, поставен од Шилегов за директор на Универзалната сала, не виделе добра шанса за нелогични трошења во овие години.
Универзалната сала изнајмува, плаќа рентање на опрема за настани, во вредност од над 100.000 евра. A, притоа тоа се купува опрема за звук и светло, за 6.500 евра рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Во 2019-тата година Универзалната сала на Шилегов, внимавајте, дава 52.381 евро за „Техничка поддршка и наем на техничка опрема за озвучување и осветлување на настани во организација Универзалната сала“. Односно изнајмува опрема, плаќа над 52 илјади евра за опрема, за светло и озвучување. Истото се повторува и во 2021 година. За „Техничка поддршка и наем за озвучување и осветлување“ и се даваат 50.400 евра. Овие договори ги добива компанија којашто според познавачите е позната и блиска на Петре Шилегов. Во две години, 2019-та и 2020-та година, има склучени 4 договори на Универзалната сала за маркетинг и рекламирање сите платени по 23.000 евра или вкупно над 92.000 евра! 92.000 евра за реклами на Универзалната сала, а Универзална сала е затворена и нема настани. Што е тоа што е рекламирано за настан во Универзална сала што чини 92.000 евра платени за услуги од маркетинг агенции“ – вели Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот