Јужна и Северна Кореја повторно на преговарачка маса

Од:

Високи претставници на Јужна и Северна Кореја оваа недела повторно ќе се сретнат во врска со отворањето на заедничката индустриска зона Каесонг, јави Анадолија.

Јужнокорејското Министерство за обединување соопшти дека двете страни на 17 јули во пограничниот град Каесонг ќе одржат состанок. Во соопштението се наведува дека станува збор за трета средба овој месец.

Иако двете страни се согласиле околу повторното отворање на индустриската зона, Сеул и Пјонгјанг не се согласуваат на кој начин тоа ќе се спроведе.

Јужна Кореја во мај оваа година го повика Пјонгјанг на дијалог околу отворањето на заедничката индустриска зона, што беше одбиено од страна на Северна Кореја.

Откако Северна Кореја донесе одлука за активирање на нуклеарниот реактор, на јужнокорејските работници не им беше дозволен влез во зоната. Пјонгјанг на 3 април од регионот Каесонг повлече 53.000 свои работници.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња