ДУИ: Не е време за избори, време е да се реши спорот за името

Од:

Бујар Османи, портпарол на ДУИ, во интервју за „Утрински весник“, посочува дека нерешавањето на спорот со името ги влече назад евроинтеграциите, а со тоа не можеме да ги исполнуваме европските стандарди.

„Ние како партија не сме за предвремени парламентарни избори од две причини. Прво, евентуалниот изборен процес ќе не’ дефокусира од ангажманот за името, а ние сметаме дека е сега моментот за негово решавање и тоа треба да биде приоритет. Другата причина е што не очекуваме промена во изборните резултати.

– Затоа нема логика да има избори. Пред да се случи мартовскиот договор, кога опозицијата инсистираше на предвремени избори, ние како ДУИ излеговме со став дека може во 2014 година, заедно со претседателските да има и предвремени парламентарни избори. Но сега, нема потреба да има предвремени избори ниту во 2014. ДУИ нема мнозинство во парламентот за да спречи ваква одлука. Ако ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ изгласаат предвремени избори, ДУИ нема да поддржи таква одлука. Сега не е време за избори, време е да се реши името“, вели Османи.

На новинарското прашање дали ставот на претседателот Ѓорѓе Иванов „Република Македонија ерга омнес“ води кон компромис Османи одговори дека со оглед дека следната година ќе се одржат претседателски избори може да се каже дека неговите ставови може да се под влијание на изборите.

Според портпаролот на ДУИ, најнормално е две политички партии (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ), кои претставуваат две различни етнички заедници да имаат различни ставови по многу прашања.

И заради тоа што двете партии имаат различни програми, вели, потпишуваме коалициски договор со кој ги утврдуваме основните принципи на владеењето.

Во однос на координацијата, ние сме во постојана комуникација. Ахмети е во редовна комуникација со Груевски и на темата име и евроинтеграции и се координираме по однос на ставови.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче