Арбен Таравари од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива е во водство пред Невзат Бејта од ДУИ за градоначалник на Гостивар.
Според досега обработените гласови во Државната изборна комисија, Таравари има освоено 53,67 отсто од гласовите, Бејта има 40,09 отсто од гласовите, додека кандидатите од ДПА и од Беса имаат мал број гласови.
Таравари веќе изјави дека е сигурен во својата победа на локалните избори.
Тој на функцијата градоначалник на Гостивар дојде во ноември 2017 година, по победата на локалните избори.