(ВИДЕО) Арсовски: Единствен осуден криминалец за крадење струја во Република Македонија е Панче Заев, таткото на Зоран Заев

Од:

Единствен докажан и осуден криминалец којшто крадел струја, пардон – криминалци коишто краделе струја се семејството Заеви, вели портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Димче Арсовски.

„Имено, Панче Заев, татко му на Зоран Заев кој очигледно имал што да наследи од него а тоа е крадењето, е осуден за крадење струја. Ова е кривичната пријава којашто е поднесена против Панче Заев кој крадел струја, а тука ја имаме и пресудата каде што е осуден за крадење струја, која медиумите електронски ќе ја добијат.

Имено, 15.470 киловати струја биле украдени од страна на фамилијата Заеви, поточно од татко на Зоран Заев, Панче Заев, што значи единствен и ноторен криминалец е овој човек чиј син 4 години ја краде Република Македонија по принципот на неговото функционирање, а уште десетина години претходно ја крадеше општина Струмица. Истиот овој човек преку семејните фирми од парите на граѓаните имаше земено стотици илјади евра тендери во општина Струмица каде што син му беше градоначалник пред да стане премиер.

Преку фирмата, „Зови Промет” која е на Панче Заев има земено тендери од над 350.000 евра“, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Најголемата опасност за јакиве лидери е една жена сама наспроти сите нив

А1он

Поднесено обвинение за мажот кој ја навредуваше, па и се закануваше на Данела Арсовска

Кривичен одлучи: Напаѓачот на Данела Арсовска оди во притвор

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Обвинителство отвори постапка против двајца осомничени за насилство врз Данела Арсовска

А1он

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он