ВИДЕО: Шок бомби, експлозии и сирени во Косовска Митровица

Од:

Во северниот дел на Косовска Митровица, во тек е акција на косовската полиција, а граѓаните се собраа и ја блокираа улицата Кнез Милош.

Според новинар од Косово онлајн, косовската полиција која дошла од Јужна Митровица упаднала во една од градските аптеки за да ги провери царинските документи на Косово.

По тоа луѓето се собрале, изразувајќи незадоволство од акцијата, а ситуацијата ескалирала кога косовската полиција почна да фрла шок бомби и солзавец.

Според информациите на тој портал, полициски акции има на повеќе места на север, во близина на Северна Митровица и во Звечан, а во овој момент нема потврдени податоци дали биле ангажирани и членови на РОСУ, туку станува збор за припадници на интервентната полиција.

Откако започнала акцијата, постојано се слушаат сирени за тревога во Северна Митровица, а крстосницата кај Техничкото училиште е блокирана.

Според некои наводи, во тек е заплена на српска стока.

Според порталот Косев, незадоволните Срби одговориле со камења, по што косовската полиција фрлила солзавец.

За време на пресметката, причинета е материјална штета на неколку цивилни автомобили паркирани во близина. Специјалците се обидоа да стигнат до Техничкото училиште, но тие се откажаа и се вратија неколку метри подоле кон бошњачката населба.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак