ОБСЕ: Остануваат бројни забелешки за законот за медиуми

Од:

Во анализата на ОБСЕ за вториот нацрт закон за медиум остануваат бројни забелешките иако се потенцира дека има одредени подобрувања.

– Иако се направени неколку подобрувања, сѐ уште остануваат многу причини за загриженост. Измените и дополнувањата се направени на начин што претставуваат влегување во детали и често се многу мали промените и дополнувањата, во ситуација во која целосен ремонт на Законот  би значело да резултира со нов, многу пократок и различно структуриран Закон – тоа би било многу подобро решение, пишува во втората експертиза на ОБСЕ.

ОБСЕ сугерира она што се нуди како регулација со закон, да се остави на саморегулација на медумите.

– Законот се уште покрива многу различни прашања и дури и со одредените подобрувања, се уште содржи премногу детални уредувања на прашања што би требало да бидат оставени да се уредат внатре од медиумите, според нивно наоѓање.

Според ОБСЕ добро е што е избришан членот 52 за издавачите на печатени медиуми, но но не е добро што се оставени одредбите кои се однесуваат на уредниците на печатени медиуми и нивната регистрација.

Забелешки има и за тоа што останала дефиницијата за новинар во текстот на нацрт законот.

-Дефиницијата за новинар останува во текстот, малку изменета, но и понатаму е прекумерна, но и потенцијално ризична. Дефиницијата за електронски публикации е променета, што е позитивно, но останува дека дури и поограничениот опсег на електронски публикации што сега ги покрива не треба да бидат подложени на регулација, пишува ОБСЕ.

Една од главните забелешки се уште е именувањето и составот на регулаторното тело кои можат да бидат подложни на политички влијанија, а вака како што се дадени се без значајно учество на граѓанскиот сектор. ОБСЕ посочува дека не се направени никакви суштински измени и сугерира уште повеќе скратување на мандатот на членовите.

– Таа загриженост останува затоа што не се направени никакви посуштински промени во соодветните одредби. Должината на мандатот е донекаде ограничена, што е позитивно, но сметаме дека многу подобро би било таа да се одреди на уште пократок период, со можност за еден реизбор, како и воведување на „преклопени“ мандати, со што ќе се обезбеди да не може да се промени целиот состав во ист момент, се вели во анализата на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски