Светскиот првак Франција е победник на годинашното издание на Лигата на нации откако во финалето на „Сан Сиро“ ја совлада Шпанија со 2-1. „Триколорите“ повторно одиграа одлично второ полувреме и повторно со пресврт стигнаа до триумф.
Микел Ојарзабал во 64.минута постигна гол за водство на „црвената фурија“, само една минута подоцна откако Тео Хернандез ја тресеше гредата од голот на Унаи Симон.
Но, Франција веднаш возврати. Карим Бензема во 66.минута со фантастичен погодок го израмни резултатот, а Килијан Мбапе во 80.минута донесе победа за селекцијата на Дидие Дешамп.
Третото место на завршниот турнир од Лигата на нации го освои Италија, совладувајќи ја Белгија со 2-1.