Седуммина Полјаци за време на орканска бура и огромни бранови биле спасени од екипажот на пристанишната капетанија во Шибеник. Силниот ветер и големите бранови го однеле бродот на туристите кон средината на Јадранското море.
Тие испловиле во тек на силно невреме и од Вис за Пировац. Но, им откажал моторот па капетанот решил да ги подгне едрата и да оди кон најблискиото пристаниште.
Но, главното едро не работело, капетанот двапати се обидувал да го запали моторот, во тој момент брановите биле високи 3 до 4 метри. Со оглед дека веќе немале друго решение, екипажот побарал помош.
Веднаш по добивањето на повикот за помош, од капетанијата во Шибеник исловил брод за спасување кој ги пронашол залтуаните Полјаци. Сите седуммина се во добра состојба.