Во штипскиот регион штетите од невремето проценети над 2 милиони денари

Од:

Над 2 милиони денари изнесува штетата од невремето што го зафати во штипскиот регион пред 12 дена. Лазар Соколов претставник на Комисијата за проценки на штети при Општина Штип вели дека 34 земјоделци пријавиле штета на земјоделските производи.

– Најмногу пријавени штети од невремето проследено со град имаме во Лакавичкиот регион од 12-тиот километар до село Селце. По проценката на штетата, комисијата извештајот го достави до градоначалникот и Советот на Општина Штип, рече Соколов.

Тој вели дека извештајот за проценките на штетите од невремето треба да се усвои од страна на советниците, а по што ќе се достави и до Владата.

Пред две недели во штипскиот регион невремето проследено со град во форма на лешник направи штети на доматите, пипеките, тутунот и на овошните насади.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена