Папа Франциск: Се срамам поради неспособноста на Католичката црква да се справи со злоупотребата на деца во Франција

Од:

Папата Франциск изрази денеска срам повторувајќи го тоа неколкупати, по објавувањето на извештајот за педофилија во рамки на Католичката црква во Франција.

– Сакам да им ја изразам својата тага на жртвите, мојата болка за нивните трауми, но и срам, срам за предолгата неспособност на Црквата да го стави ова во центарот на своето дејствување, истакна папата на општа аудиенција.

Поглаварот на Римокатоличката црква ги повика сите службеници на Црквата „да продолжат со своите напори да спречат да се повторат такви драми“.

Говорејќи за „тешко, но спасувачко искушение“, тој ги повика „француските католици да ја преземат својата одговорност, така што Црквата ќе стане безбеден дом за сите“.

Би можело да ве интересира

Папата Франциск по повод 1.000 дена конфликт во Украина: Војната е секогаш пораз

А1он

Починатиот гејмер станува светец

Предраг Петровиќ

Г. г. Стефан во посета на Рим и Ватикан, денеска на средба со папата Франциск

Папата Фрациска повика на итно отворање коридор за цивилите од Газа

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик

Поранешeн германски бискуп и неговиот брат свештеник обвинети за сексуална злоупотреба